Тренерот на фудбалерите на Баер Левекузен, Чаби Алонсо, не крие дека е крајно разочаран по вчерашното реми на домашен терен со Хоштен Кил во рамките на Бундес-лигата.
„Фрамацевтите“ во воведот на мечот набрзина направија предност од 2-0 и доминираа во сите 90 минути но, гостите на чуден начин успеаја да извлечат реми 2:2 и да однесат еден бод.
„Не сум задоволен од нашиот настап. По предноста помисливме дека играта е завршена но, во фудбалот секогаш треба да се продолжи со истиот интензитет. Бевме премногу пасивни“ – вели Алонсо.

