Фудбалерите на Бајер Леверкузен новото издание на Бундес-лигата ќе го отворат против РБ Лајпциг кој сезоната за стартуваше со победа против Баерн Минхен во Супер-купот на Германија.
Тренерот на популарните „аспирини“, Чаби Алонсо, вели дека е задоволен од сработеното на подготовките но, дека вистинските тестови допрва доаѓаат. Според него, сега се започнува од нула.
„Мораме да бидеме силни и фокусирани од првиот круг. Подготвени сме. Очекувам поддршка од навивачите на нашиот стадион“ – потенцираше Алонсо на средбата со новинарите.