Бранителот на титулата во Бундес-лигата, Баер Леверкузен, вчера го доживеа првиот сезонски пораз и тоа на домашен терен од РВ Лајпциг со 3:2 иако во еден период имаше предност од два гола.
Тренерот на „фармацевтите“, Чаби Алонсо, вели дека екипата треба да извлече поука од мечот посебно од играта во одбраната.
„Немавме контрола во вториот дел и му дадовме премногу простор на Лајпциг. Не се снајдовме добро во одбраната. Ќе научиме од грешките, тоа е процес, се уште сме во почетокот на сезоната“ – изјави Алонсо откако беше прекината серијата на Баер Леверкузен од 35 натпревари без пораз.

