Tренерот на фудбалерите на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, откри детали за повредата на Гранит Џака. Швајцарскиот интернационалец го повреди зглобот и времено беше надвор од тимот.
„Утре ќе одлучиме. Ни треба уште малку време“ – изјави Алонсо пред утрешниот натпревар со Борусија (Дортмунд) во Бундес лигата.
„Малку го искриви скочниот зглоб но, има уште надеж. Има уште повеќе од 24 часа до натпреварот, мора да почекаме“ – изјави тренерот на „фармацевтите“.

