Фудбалерот на Манчестер Сити, Хулиан Алварез, влезе во историјата откако во една сезона успеа да ги освои пехарите во Лигата на шампионите, Премиер-лигата, Фа Купот на Англија и мундијалската титула со неговата Аргентина.
„Величенствена сезона, посебно неверојатна. Беше предизвикувачки да се преселиш од Аргетнина во друга држава. Се плашев а на крајот успеав да освојам се“ – вели 23-годишниот играч на „граѓаните“.
Тој за англискиот тим одигра 49 натпревари и постигна 17 голови.

