24-годишниот напаѓач на аргентинската фудбалска репрезентација, Хулијан Алварез, проговори за преселбата во Атлетико Мадрид. Тој деновиве ги напушти „граѓаните“ и се пресели во екипата од Шпанија.
„Многу сум среќен, многу возбуден како ме примија во градот, во клубот. Затоа имам големи очекувања. Има многу пораки и голема поддршка од навивачите“ – потенцира Алварез.
Шпанскиот состав за неговиот трансфер ќе му плати на Манчестер Сити 75 милиони евра + 20 како бонуси.

