Шпанскиот фудбалер Алваро Мората синоќа пристигна во Торино и позираше пред присустните новинари и фанови на Јувентус на аеродромот во Торино.
Се очекува Мората денес да ги мине медицинските тестови и по што ќе потпише за Јувентус. Шампионот на Италија ќе плати девет милиони за едногодишна позајмица, а следното лето ќе има опција да го купи Мората за 45 милиони. Доколку не се реши на овој чекор, Јувентус има право да го доведе фудбалерот на уште една позајмица.
Мората беше дел од Јувентус кога овој клуб беше предводен од Алегри и освои две скудета и играше финале на Лигата на шампионите, каде и покрај тоа што постигна гол, Јувентус загуби од Барселона со 3:1 во финалето кое се играше во Берлин.

