Бразилскиот фудбалски интернационалец, Дани Алвеш, потенцира дека неговиот сонародник Нејмар треба да се врати во Барселона бидејќи таму најмногу му одговара стилот на игра.
Искусниот дефанзивец верува дека е само прашање на време кога играчот на ПСЖ ќе се врати во Каталонија и повторно ќе го облече дресот на Барса.
„Сигурен сум дека Нејмар може да се врати во Барсеона ако сака. Неговата среќа и понатаму е во Барселона. Мислам дека треба да го напушти ПСЖ и да се врати на „Камп Ноу“. Неговиот кам-бек е само прашање на време“ -вели Алвеш.