Шпанскиот суд официјално го обвини, Дани Алвеш, кој беше уапсен пред повеќе од шест месеци за наводен сексуален напад во ноќен клуб
. Судијката што ја води истрагата нашла докази за погрешно постапување од страна на 40-годишниот фудбалер кој тврдел дека имал консензуален секс со жртвата. Поранешниот играч на Бразил беше уапсен на 20 јануари и оттогаш е во затвор во близина на Барселона.
Во Шпанија, казната за сексуален напад е од 4 до 15 години затвор.Алвеш последен пат играше за мексиканскиот клуб Пумас. Претходно беше во Баија, Јувентус, Пари Сен Жермен, Севилја и Барселона.