Бразилскиот фудбалски дефанзивец, Дани Алвеш, по пет години се враќа на стадионот „Камп Ноу“ во дресот на Барселона. Тој играше за каталонците од 2008 до 2016 година кога се определи да ја промени средината.
„Се враќам дома, не знам колку долго ќе траесонот, но, нека трае вечно. Се враќам дома“ – напиша Алвеш на социјалните мрежи.
Десниот бек во дресот на Барса има одиграно 391 меч и постигнато 21 гол.

