Аматерски клуб од Англија објави дека го сака Ерлинг Халанд на позајмица за време на СП во Катар.
Станува збор за Ештон Јунајтед кој се натпреварува во седмата дивизија од областа Манчестер, основана далечната 1878 година. Ентузијастите дури веќе испратиле официјална понуда до Манчестер Сити, но се уште не добиле одговор.
Бидејќи Норвешкиот интернационалец не се пласираше на Светското првенство, Халанд нема да оди во Катар. Воедно, шампионот на Премиер лигата нема да има натпревар во следните повеќе од еден месец.
„Има смисла да се обидеме да го земеме како отстапен играч. Манчестер Сити и така нема да има натпревари, а ние сакаме да ја задржиме формата на Халанд. Подобро е од само играње голф“, напишаа од Ештон Јунајтед.