Во сабота на 20 април, на Градскиот стадион во Скопје ќе се одржи третиот аматерски атлетски митинг кој е наменет за сите што го сакаат трчањето, рекреативно се ангажирани со трчање и спорт, се подготвуваат за Скопскиот Маратон или сакаат да ги проверат нивните можности и брзина во некоја од предвидените дисциплини.
На аматерскиот митинг учесниците ќе можат да се натпреваруваат во дисциплините на 100 метри, 400, штафета 4 по 400, 1600 метри, 5000, 10.000 метри и скок во далечина. Секој заинтересиран може да се пријави за учество на митингот преку веб страницата www.prvdovrv.mk.
Атлетскиот митинг за рекреативци кој е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со Атлетската Федерација на Македонија и Градот Скопје, ќе трае од 10 до 16 часот и ќе биде отворен за сите заинтересирани.

