Белгискиот фудбалски клуб Стандард Лиеж објави дека американскиот инвестициски фонд 777 Партнерс ги купил сите негови акции. Ова се случи преку официјално соопштение на клубот.
„Потписот на протоколот за трансфер е ставен и тоа ќе се случи во рок од неколку месеци според нормалната процедура“, велат од Стандард.
Актуелниот сопственик и претседател на клубот веќе 7 години, белгискиот бизнисмен Брунон Венанци, одлучи да се пензионира. Цената на зделката е околу 55 милиони евра.
Американскиот фонд специјализиран за алтернативни инвестиции е основан во 2015 година и веќе ги купи акциите на италијанска Џенова, има голем удел во шпанска Севиља, а неодамна го купи и Васко де Гама во Бразил.