Фудбалската репрезентација на САД ја освои Лигата на нации во КОНКАКАФ зоната, откако утринава славеше над Канада во финалето со 2-0.
Во 11 минута, Американците поведоа со голот на Крис Ричардс. Водството беше удвоено во 33 минута кога новиот американски репрезентативец Фоларин Балогун го постигна својот прв гол за националниот тим.
За Американците оваа е втор трофеј во КОНКАКАФ Лигана на нации, со оглед на тоа што го освоија и оној првиот пред три години, кога во финалето беа подобри од Мексико.