Светското првенство во 2022 година можеби нема да се одржи во Катар, како што претходно беше одлучено. Според некои американски извори, поради скандалот со корупција при изборот на земјата домаќин, итно може да се префрли одржувањето на светското првенство во друга земја.
Изворите велат дека во моментов ФИФА одржува тајни состаноци за да најде земја која е подготвена да биде домаќин на првенството.
Неодамна стана познато дека поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, беше приведен да сведочи за корупцијата при изборот на организаторот на Светското првенство во 2022 година. По сослушувањето, Французинот беше ослободен.
