Фудбалската репрезентација на САД стана првиот тим учесник на Светското првенство, кој веќе пристигна во Катар. Американеците синоќа се сместиле во својата база во хотелот „Марса Малаз Кемпински“ на вештачкиот остров северно од главниот град на Катар, Доха.
Некои фудбалери од финалниот состав, вклучително и капитенот Кристијан Пулишиќ, се се уште во Европа, каде што допрва треба да играат во националните првенства овој викенд.
Светското првенство во Катар стартува на 20 ноември, а САД се во група со Англија, Иран и Велс.