Американката Даниеле Колинс триумфираше на Мастерс турнирот во Мајами. Ова за неа е прва титула на ВТА 1000 турнир во кариерата, победувајќи ја во финалето четвртата носителка, Елена Рибакина од Казахстан со 7:5, 6:3.
За Колинс (30), која планира да се пензионира на крајот од 2024,-та, ова беше вкупно трета турнирска титула во кариерата, прва од 2021 година.
Победувајќи ја Рибакина, шампионката од Вимблдон 2022 година, Колинс од 53-то, утре ќе скокне на 22-то место на ВТА листата.