Фудбалската репрезентација на САД во женска конкуренција влезе во историјата на Светските првенства откако на мечот со Холандија останаа непоразени, односно одиграа 1:1.
На тој начин репрезентативките на САД поставија рекорд кај мажите и жените по број на натпревари без пораз во низа на Светските првенства. Тимот на САД нема пораз веќе 19 средби по ред.
Да потсетиме дека тимот на САД е актуелен светски шампион. Американките двапати по ред го освојуваа овој турнир. Во првиот натпревар на Светското првенство во 2023 година, САД го победи Виетнам со 3:0, а репрезентацијата на Холандија со минимален резултат ја победи Португалија (1:0).
На 1 август Холандија ќе игра со Виетнам, додека САД ќе игра против Португалија.