Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, сака да го ангажира фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нуно Мендеш. Португалецот се надева дека неговиот сонародник нема да го продолжи договорот со францускиот состав.
Мендеш се пресели од Спортинг Лисабон во ПСЖ во летото 2021 година за 38 милиони евра. Тој во сезонава одигра 17 натпревари за парижаните на кои постигна два гола и направи две асистенции.
Договорот на играчот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни во 2026 година.

