Менаџерот на Манчестер Јунатед Рубен Аморим го искажа своето мислење околу промената на атмосферата во екипата по неколку одиграни добри натпревари.
Рубен Аморим ги откри целите на Манчестер Јунајтед за остатокот од сезоната.
„Подготвени сме за последните месеци од сезоната и работиме на работи што можеме значително да ги подобриме. Многу сум сигурен во себе. Чувствувам дека играчите станаа посамоуверени, нивната енергија се промени. Но исто така знам дека ситуацијата може да се промени во зависност од резултатите.
Фокусирани сме да ја задржиме таа енергија и да работиме на некои работи кои можеме значително да ги подобриме. Дури и кога победуваме на натпревари, можеме да признаеме дека имаме простор за напредок.
Но, сега сме во друг период, посигурни сме и подготвени за последните два месеци од сезоната. Не знам каде ќе завршиме, но гледаме нагоре и сакаме да победуваме“, изјави главниот тренер на Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед е на 13. место на првенствената табела со 37 бодови по 29 кола во Премиер лигата

