Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Аморим ќе има три натпревари пред себе за да си го сочува местото во Манчестер Јунајтед
    Фудбал

    Аморим ќе има три натпревари пред себе за да си го сочува местото во Манчестер Јунајтед

    risteBy riste17/09/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, има само три натпревари за да ја спаси својата работа по разочарувачкиот почеток на новата сезона. Португалецот го има најлошиот почеток на „Црвените ѓаволи“ во Премиер лигата во последните 33 години и веќе е под зголемен притисок да ја задржи својата работа. Неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ беше дочекано со големи очекувања пред само десет месеци, но тој ентузијазам брзо исчезна.

    Според „Мирор“, Аморим и Манчестер Јунајтед мора да играат добро во следните три натпревари од Премиер лигата ако Португалецот сака да ја задржи својата работа. Иако поранешниот шеф на Спортинг Лисабон моментално ужива целосна поддршка од раководството на клубот, се верува дека ситуацијата околу тимот ќе биде разгледана за време на паузата за меѓународни натпревари во октомври.

    „Мирор“ исто така истакнува дека и покрај уверенијата за доверба во Аморим, фудбалскиот менаџмент на Јунајтед му дал исти гаранции на неговиот претходник Ерик тен Хаг пред да го ослободи по деветтиот натпревар од минатата сезона – во октомври 2024 година.

    Досега, Манчестер Јунајтед има само четири бода од првите четири натпревари од Премиер лигата и го зазема 14-то место на привремената табела.

    40-годишниот специјалист има забележано само осум победи во 31 натпревар од првенството откако го презеде тимот во ноември минатата година, а веќе се тврди дека некои од играчите ја губат довербата во неговите методи на работа.

    И покрај овие информации, други публикации на Островот објавуваат дека Јунајтед може да го задржи Португалецот подолго време, бидејќи неговото евентуално отпуштање во првата година од договорот би било премногу скапо. „Црвените ѓаволи“ се соочуваат со Челзи, Брентфорд и Сандерленд во наредните недели, а доколку не успеат да постигнат позитивни резултати пред гостувањето во Ливерпул на 19 октомври, иднината на Аморим ќе биде сериозно загрозена.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.