Тренерот на португалскиот Спортинг Лисабон, Рубен Аморим изјави дека е презадоволен од стартот на сезоната за тимот. Спортинг го совлада австриски Штурм Грац со 2:0 на гости во третото коло од Лигата на шампионите и собра 7 бода на своето конто.
„Многу сум среќен со почетокот на сезоната. Го загубивме Суперкупот во Португалија. Беше многу тежок момент за тимот, но завршивме одлична работа во првенството и во Лигата на шампионите“, изјави Аморим.
„Мора да играме со Манчестер Сити и Арсенал, па затоа е многу важно што веќе имаме седум бода. Знаеме што треба да направиме за да стигнеме до плеј-офот. Ова е нашата цел“, коментираше Рубен Аморим на официјалниот сајт на УЕФА.
„Не знам дали ќе бидат доволни седум бода бидејќи турнирот првпат се одржува во ваков формат, но очекувам да освоиме повеќе бодови во преостанатите натпревари, но и повеќе победи“, додаде тренерот на Спортинг.

