Mенаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, проговори за лошите резултати во Премиер-лигата.
„Да ми кажевте на самиот почеток дека ќе победам на 4 од 14 мечеви немаше да ви верувам. Би рекол дека сте луди. Ова е најнепријатното нешто за мене“, изјави главниот тренер на „црвените ѓаволи“.
„Работиш во Манчестер Јунајтед и имаш изгубено девет натпревари во Премиер лигата. Очекував дека ќе биде тешко но, не толку“ – рече Португалецот.

