Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не крие дека е разочаран од вчерашниот пораз на теренот на Арсенал со 2:0. Тоа беше прво големо дерби во Англија за португалскиот стартег кој неодамна седна на кормилото на „црвените ѓаволи“.
„Се обидовме да играме наш фудбал особено во првото полувреме. Ни треба повеќе тренинг. Навистина ни беше тешко“- вели Аморим.
„Имавме шанси но, не постигнавме гол. Потоа тие не казнија. Мислам дека треба многу да работиме“ – вели тренерот на тимот од „Олд Трафорд“.

