Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, беше трогнат од специјалниот пречек што му го приредија навивачите на Олд Трафорд за време на неговата прва победа на кормилото на „црвените ѓаволи“ со 3-2 над норвешки Бодо/Глимт во Лига Европа.
39-годишниот Португалец за првпат го предводеше тимот пред својата публика и веднаш ги освои срцата на навивачите.
“Тоа беше посебно затоа што половина стадион се уште не ме познава. Доаѓам од Португалија и на многумина сè уште не сум им познат. Се уште не сум направил ништо за овој клуб, но начинот на кој ме пречекаа на почетокот почувствував дека не сум сам, сега сум како еден од нив, и се надевам дека нема да ги разочарам фановите. Мислам дека подобруваме различни работи од последниот натпревар. Знам дека тоа е различен турнир, друг тим, но ја подобруваме играта со топката. Повеќе го контролираме темпото со топката, одиме на малку повисоко ниво на притисок, создаваме повеќе шанси и треба да ги решиме натпреварите пред крајот“, вели Аморим.

