Новото засилување на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Софијан Амрабат, ќе дебитира на домашен терен на 16 септември на мечот со Брајтон.
Тој ќе го носи дресот со број четири, соопштија денеска од клубот. Мароканскиот репрезентативец пристигна на Олд Трафорд на позајмица за 10 милиони евра.
Во неговиот договор има и опција да биде купен во наредното лето за уште 20 милиони евра како и дополнителни бонуси во висина од најмалку 5 милиони.