На прес-конференција одржана денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, побара од Фудбалската федерација на Македонија да го усогласи својот статут со Законот за спорт, бидејќи во спротивни утрешното Редовно генерално Собрание на Федерацијата ќе биде сметано за незаконско.
„Бараме од ФФМ да го усогласи статутот со Законот на спорт. Тоа е обврска на сите национални федерации. Одржување на Собранието без усогласување на статутот, ќе биде нелегитимно и ќе донесе сериозни последици“, изјави Каевски.
Тој најави дека Агенцијата ќе ги преземе сите мерки кон ФФМ доколку статутот на Федерацијата не биде усогласен со Законот за спорт.