Холандските медиуми објавија дека завршниот турнир од Лигата на нации ќе се одигра во градовите Ротердам и Еншеде од 14 до 18 јуни во 2023 година.
Амстердам отпаднал од комбинација бидејќи во тој период имало закажано концерти. Двата града ќе бидат домаќини на едно полуфинале.
Во Еншеде ќе се игра мечот за третото место а во Ротердам големото финале. За пехарот ќе се борат домаќинот Холандија, Хрватска, Италија и Шпанија