Тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти не го смета за понижувачки поразот на Реал Мадрид од Барселона (1:3). Синоќа „кралевите“ загубија од Барса во финалето на шпанскиот Суперкуп.
„Натпреварот не беше добар за никого. Зборувањето за понижување ми изгледа како непочитување. Барселона беше подобра и тоа е тоа. Ова не е критичен, туку тежок момент. Ова секогаш се случува во текот на сезоната. Тоа беше познато од самиот почеток. Тоа може да се поправи преку посветеност и правилен став кон работите. Играчите треба да разберат дека таквите грешки може лесно да се избегнат. И двете екипи има шанса. На вакви натпревари победата станува поблиска ако се тргне напред. Во Ла Лига, ова исто така се случи, само тогаш во наша полза“, вели Анчелоти.