Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не ја криеше радоста по победата над ПСЖ со 3:1 и пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
„Одигравме многу тежок натпревар. По голот на Мбапе стана исклучително тешко. Се обидовме да извршиме висок притисок, како што правиме на тренинзите. Така падна првиот гол. Навивачите почнаа да не туркаат напред и ние создававме повеќе ситуации. Среќни сме“, изјави Анчелоти.
„Израмнувачкиот гол промени се. Бензема го израдува цел Мадрид“, додаде Анчелоти, восхитен од настапот на Французинот.