Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го пофали настапот на напаѓачот Карим Бензема во реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот против Барселона.
Натпреварот заврши со победа на Реал Мадрид од 4:0, мадридскиот клуб се пласираше во финалето на турнирот, а Бензема постигна хет-трик и една асистенција.
„Тој заврши многу добра работа за време на репрезентативната пауза. Неговите корисни квалитети играат одлучувачка улога кога е добро физички подготвен. Карим може да освои уште една „Златна топка“ затоа што се уште е еден од најдобрите напаѓачи во светот“, изјави за „Марка“ Карло Анчелоти.
По репрезентативната пауза, Карим Бензема постигна два хет-трика на два меча – против Ваљадолид (6:0) и против Барселона (4:0).

