Карло Анчелоти зборуваше на прес-конференцијата во пресрет на големото мадридско дерби помеѓу Реал и Атлетико. Тренерот на Реал Мадрид призна дека гостувањата на „Ванда Метрополитано“ се секогаш тешки и очекува тежок натпревар. Аткетико се единствениот тим што успеа да ги победи „кралевите“ минатата сезона. По овој пораз, Реал нема пораз во Ла Лига, односно е во серија од 39 натпревари без пораз.
„Сите дерби средби меѓу двата тима се посебни. Овој натпревар ме потсетува на римското дерби бидејќи навивачите се многу страсни. Дербито на Милано е порелаксирано, едноставно затоа што тие се поладни како луѓе.
Очигледно е дека мора да ги избегнеме грешките од минатата година. Сепак, она што се случи тогаш може да ни помогне на утрешниот натпревар. Секој натпревар има своја приказна. Предвидувањето што ќе се случи утре е комплицирано. Имаме план и ќе видиме дали ќе успее. Атлетико секогаш е голем противник и тоа нема да се промени. Очекувам интересна и тешка игра бидејќи има многу квалитет во двете екипи. Се надевам дека тоа ќе биде шоу што ќе им се допадне на навивачите“, рече Анчелоти.
Тој одби да открие каков играч ќе стави на местото на повредениот Мбапе – напаѓач во форма на Ендрик или друг во средниот ред – најверојатно Модриќ.
„Не е толку важно дали ќе излеземе во систем 4-4-2 или 4-3-3. Она на што обрнувам внимание е дека играчите мора да бидат максимално концентрирани и меѓусебно да се поддржуваат. Без Мбапе нашата игра се менува, но не многу. Штета што нема да биде со нас на теренот, но можеме да го надоместиме неговото отсуство. Добрата работа е што Камавинга сега е на располагање и затоа може да игра 90 минути“, објасни Италијанецот.

