Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти проговори за тоа каков трансфер ќе биде приоритет за мадридскиот клуб.
„Во блиска иднина треба да потпишеме со напаѓач. Ова го велам затоа што Карим Бензема е стар. И покрај тоа, му оди многу добро. Никогаш не сме имале никакви проблеми со ова“, рече Анчелоти во изјава за новинарот Фабрицио Романо на Твитер.
Оваа сезона Бензема забележа 35 настапи во дресот на Реал Мадрид во сите натпреварувања, во кои постигна 31 гол и осум асистенции.
Договорот на 35-годишниот играч со мадридскиот клуб е со важност до крајот на јуни оваа година. Трансфер вредноста на овој фудбалер според интернет порталот Трансфермаркт е 35 милиони евра.
Претходно беше објавено дека Реал Мадрид е подготвен да го продолжи договорот со Бензема на уште една сезона и дека се блиску до официјализирање на ова.