Тренерот на Евертон Карло Анчелоти во пресрет на натпреварот од англиската Премиер лига со Манчестер Јунајтед го сподели своето мислење за противникот.
„Нема вистински момент да се игра Манчестер Јунајтед затоа што тие се силен тим со искуство и квалитетни играчи. Да, тие навистина не играат многу добро од почетокот на сезоната, но вистината е дека на некои натпревари изгледаа многу добро. Се солидаризирам со сите тренери. Ова е напорна работа. Имам повеќе искуство од Солскјер. Можам да кажам кога работите ќе тргнат наопаку, има само една личност која е одговорна за тоа – тренерот. Нема сомневање во тоа. Секој тренер е под притисок“, изјави Анчелоти.

