Добри вести за Реал Мадрид пристигнаа пред гостувањето кај Челзи во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Тренерот на тимот Карло Анчелоти доби негативен тест на коронавирус, па ќе биде дел од мечот на „Стемфорд Бриџ“ кој се игра вечерва. Италијанскиот стручњак беше во карантин, но се враќа во вистински момент на клупата на Реал Мадрид.
Челзи ја брани титулата во Лигата на шампионите откако минатата сезона овие два тима се сретнаа во полуфиналето, во кое премиерлигашот славеше со вкупен резултат 3-1 по двата натпревари, а подоцна во финалето дојде до титулата.