Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти, ги засука ракавите и брзо состави листа на потребни нови засилувања за следната сезона. Тој веќе разговарал за ова прашање со претседателот Аурелио Де Лаурентис и бил уверен дека некои од назначените играчи ќе бидат доведени во Неапол.
Меѓу играчите кои популарниот Карлито ги сака на Сан Паоло се и главно фудбалери со кои веќе работел во неговите поранешни клубови. Се зборува дека Наполи сигурно ќе купи нов голман, а како избор на Анчелоти се Ареола од ПСЖ и Лено од Баер (Л). Во дефанзивната линија посакувани нови имиња се Муние и Врсаљко, додека во средниот ред ќе има преговори со Баерн (М) за Ренато Санчез и Артуро Видал.
Сепак, најголема трансфер цел на Анчелоти ќе биде нападот, каде прва мета е голгетерот на Реал (М), Карим Бензема.