Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оствари уникатно достигнување во Лигата на шампионите со победата над Ливерпул во финалето синоќа.
Италијанецот стана првиот тренер кој двапати го освоил трофејот со повеќе од еден клуб. Анчелоти освои два пехари во Лигата на шампионите со Милан (2003 и 2007 година) и сега со Реал Мадрид во 2014 и 2022 година.
Анчелоти е првиот тренер во историјата кој четирипати ја освоил Лигата на шампионите.
„Мора да уживаме во оваа неверојатна сезона. Никој не го очекуваше тоа. Дури и јас не очекував. Секогаш ќе бидам благодарен на овој клуб и на овие играчи“, изјави Анчелоти.