Карло Анчелоти стана апсолутен рекордер по бројот на остварени победи во Лигата на шампионите како тренер. Тој синоќа со победата на Реал (М) над екипата на Брага ја изброја 116-тата победа во најсилното европско клупско натпреварување.
Италијанскиот стручњак постави нов рекорд по бројот на победи на натпревари во целата историја на турнирот, надминувајќи го Алекс Фергусон. Во Лигата на шампионите, покрај Реал Мадрид, Анчелоти ги предводеше и Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Баерн и Наполи.