Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти ги сподели своите очекувања од натпреварот од 10. коло на Примера со Барселона.
„Двата тима минуваат низ процес на реструктуирање, но сепак ќе имаме одличен натпревар. Физички, се подобруваме. Сè уште не знаеме какви височини можат да достигнат играчи како Ансу Фати или Винисиус Жуниор, но сигурно знаеме дека овој натпревар секогаш ќе биде многу голем за двете екипи. Ги имам истите чувства како во моментите кога на теренот беа Кристијано Роналдо и Меси. Ова е многу посебен натпревар. Сега тимовите имаат различни играчи, но мислам дека младата генерација на Барселона е извонредна. „Ел класико“ може да постои и без Меси, Кристијано и Рамос“ изјави Анчелоти за „Марка“.
Натпреварот од 10. коло помеѓу Барселона и Реал ќе се одигра денеска, 24 октомври, во Барселона на стадионот „Камп Ноу“ со почеток во 16:15 часот. Реал Мадрид моментално се наоѓа на третото место во шпанското првенство, додека Барселона е на седмото место.

