Реал Мадрид вчера го совлада Шахтјор во 4 коло во Лигата на фудбалските шампиони, но, домашните фанови на „Сантијаго Бернабе“, покажаа дека не се задоволни од играта.Тие во неколку наврати упатија свирежи кон „кралевите“, на што реагираше и тренерот, Карло Анчелоти.
„Ги разбирам навивачите и нивната реакција бидејќи ја знам атмосферата на стадионот. Тоа е публика која очекува многу“ – вели Италијанецот.
„Добро е што навивачите не будат со свирежи, тоа е знак дека треба да играме подобро“ – потенцираше Анчелоти откако неговиот тим ги освои бодовите и се проби на лидерската позиција во групата „Д“.

