Реал Мадрид вчера го совлада Селтик со 5:1 а тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, успеа да постави рекорд.
Италијанецот го надмина легендарниот, Сер Алекс Феругсон по број на победи и сега има 103 во елитното натпреварување на Европа. Некогашниот пак, прв човек на клупата на Манчестер Јунајтед остана на 102.
Сепак, одредени фактори не го признаваат ефектот на Анчелоти и остануваат на бројката од 102 победи бидејќи не го бројат службениот триумфот на Милан против Интер во сезоната 2004/05 откако мечот беше прекинат.