Новиот тренер на Наполи Карло Анчелоти размислува да го привлече во својот состав голманот на Торино Салваторе Сиригу.
Наполи остана без голман по разделбата со Хозе Пепе Реина, кој премина во Милан со слободен трансфер, и веќе бараат стабилен голман за следната сезона.
Додека раководството на клубот води преговори со Бернд Лено од Баер Леверкузен и Руи Патрисио од Спортинг (Лисабон), Анчелоти се осврна на Сиригу, кој направи импресивна сезона во дресот на „биковите”.
Двајцата веќе работеле заедно за време на нивниот престој во Париз Сен Жермен. Сиригу премина во составот на ПСЖ од Палермо во 2011-та, по што играше со позајмица во Севиља и Осасуна. Во изминатото лето пристигна во Торино со слободен трансфер, заменувајќи го Џо Харт на голот на оваа екипа.