Новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, им го скрати одморот на фудбалерите за пет дена, објави Марка.
Зинедин Зидан, кој претходно работеше со „кралевите“, им дозволи на фудбалерите да се вратат од одмор на 12 јули. Но, Анчелоти реши да го смени распоредот за подготовки за сезоната 2021/2022 и побара од играчите да се појават во клупската база на 7 јули. Анчелоти сака да посвети посебно внимание на играчите, чија иднина во мадридскиот клуб се уште не е утврдена.
Анчелоти потпиша тригодишен договор со Реал Мадрид и се врати на кормилото на тимот кој го водеше од 2013 до 2015 година.

