Раководството на Реал Мадрид побара мислење од тренерот на тимот Карло Анчелоти во врска со играчите кои треба да ги ангажираат на лето, објави шпанскиот „Спорт.ес“.
Според изворот, италијанскиот тренер инсистира на потребата од засилување на позициите дефанзивец и играч за врска. Анчелоти именуваше четворица играчи кои играат во англиската Премиер лига: Вилијам Салиба (Арсенал), Мануел Аканџи (Манчестер Сити), Алексис Мекалистер (Ливерпул) и Сандро Тонали (Њукасл).
Се нагласува дека конечната одлука за купување на нови играчи ќе ја донесат претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, генералниот директор на клубот Хозе Анхел Санчез и главниот скаут на клубот Јуни Калафат.

