Во возбудлив меч со шест гола, Леванте и Реал (М) синоќа одиграа 3:3 во меч од 2. коло на Ла Лига. Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги сумираше впечатоците од натпреварот истакнувајќи:
„Средбата беше луда, иако го контролиравме текот во првото полувреме. Изгубивме два бода, откако потрошивме навистина добар квалитет. Тешко е да се објасни, мора да бидеме внимателни кон сите детали. Остана горчлив вкус. Иско беше еден од најдобрите денес. Постои почетна постава што може да се освежи со замени. На пример, замената на Бејл е поврзана со желба да се освежи составот. Сепак, концентрацијата во одбраната мора да биде поголема. Третиот гол на Леванте беше лоша среќа“, рече Анчелоти.