Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја презема вината за тешкиот пораз во „Ел Класико“ пресметката против Барселона синоќа.
„Почетокот беше добар, но по првиот гол ја загубивме контролата врз натпреварот. Барса ни создаде многу проблеми и логично постигна втор гол. На паузата направивме измени и игравме со тројца одбранбени играчи. Во вториот дел сакав да притиснам малку повисоко, но не успеавма, не денеска. Тоа е моја грешка. Ова е тежок пораз, не кријам. Добивме сериозен удар, ја загубивме битката. Бевме непрепознатливи, се тргна наопаку. Мора да заборавиме на овој натпревар и да продолжиме понатаму“, вели италијанскиот стратег.