Италијанската тренерска легенда Карло Анчелоти најверојатно ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Италија. Веста ја пренесоа неколку угледни италијански медиуми, повикувајќи се на извор од Италијанската фудбалска федерација.
Италијанската фудбалска федерација му доставила специјален предлог на Анчелоти за да го преземе раководењето со националниот тим. Анчелоти е познат по својата работа во Милан, ПСЖ и Реал Мадрид, но исто така и неговиот последен ангажман како тренер на Баерн (М).
Претходно беше објавено дека главниот кандидат за функцијата селектор е сегашниот тренер на Зенит, Роберто Манчини .