Фудбалерите на Реал Мадрид денеска ќе гостуваат кај Атлетик Билбао во рамките на новото коло во Примера Дивизион. Тренерот на „белите“, Карло Анчелоти, нема да менува многу во стартната постава споредено со претходниот куп- меч со Вилјареал.
„Модриќ и Крос се недопирливи но, тоа не значи дека треба да играат на секој натпревар. Тие се фудбалери што испишаа историја во клубот“ – вели Италијанецот.
На табелата во шпанскиот шампионат води Барселона со 41 бод пред Реал Мадрид и Реал Сосиедат кои имаат по 38.