Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Kарло Анчелоти, по вчерашната елиминација од Манчестер Сити во последниот филтер пред големото финале во Лигата на шампионите, вели дека никој не се сомнева во неговата иднина во клубот.
„ Претседателот беше јасен пред 15 денови кога имавме приватен разговор. Ќе бидам тука наредната година, ќе се вратиме и ќе бидеме подобри“ – изјави Анчелоти.
Ќе потсетиме дека италиајнскиот стратег се споменуваше и како нов селекторот на Бразил, но, очигледно тоа нема да се случи.

