Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти зборуваше за неговата врска со менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по освојувањето на титулата на „црвените“.
„Имам одлична врска со Јирген Клоп. Се запознавме минатата недела кога сè беше скоро решено, а јас му честитав однапред. Клоп е креатор на успехот на овој „Ливерпул“, но не само во англиската Премиер лига, тој постигна многу за пет години од моментот кога го презема овој англиски клуб. Тој беше трпелив и успеа да изгради совршена машина“, изјавил Анчелоти.